Испечати

Предјадење од боранија и печурки

Предјадење од боранија  и печурки

Состојки

  • 300 гр боранија
  • 250гр пушена сланина
  • 1/2 лажиче сол
  • 500гр мешавина од печурки

Подготовка

Подготовка:

1. Во кацерола, на оган, ставаме вода со пола лажиче сол. Кога ќе зоврие, ги пуштаме парчињата исчистена свежа боранија. Оставаме да зоврие заедно, па ги исклучуваме. Ги цедиме од водата, па ги групираме по 5 парчиња боранија.
2. Секое купче од по 5 парчиња боранија, ги виткаме во лист пушена сланина, па така спремни ги редиме на скара. Оставаме сланината да се прилепи, но и да добие убав вкус. Постапката ја повторуваме со сите парчиња боранија. Како прилог до нив запржуваме мешавина од печурки на парче путер. Сервираме заедно.

Нека ви е слатко.