Испечати

Плескавици од тиквичка и компир

Плескавици од тиквичка и компир

Состојки

  • 1 Тиквичка (средна големина)
  • 2 Компири-варени (средна големина)
  • малку Свеж магдоноз (ситно исецкан)
  • зачини - копар, црн бибер, сол.
  • За препелкање на оформените плескавици - малку брашно.

Подготовка

Подготовка -

1. Тиквичката ја лупиме и рендаме. Ја посолуваме и ја оставаме барем околу 1 час да пушти вода. Ја цедиме водата и со рацете убаво ја истиснуваме ренданата тиквичка за да се истисне целата течност од неа.
2. Компирите ги ставаме да се варат. Потоа ги гмечиме како за пире, или може и да се изрендаат (јас ги изгмечив).
3. Во длабок сад ги ставаме исцедената тиквичка, пирето од компирите, посолуваме, додаваме црн бибер, копар и магдонос. Соединуваме убаво и формираме плескавици со големина по желба. Јас од оваа количина формирав 10 плескавици.
4. Секоја плескавица ја препелкаме во брашно и ја печеме на скара (може и да се испржат во нелеплива тава со малку масло). Нека се испече убаво од едната страна, па превртуваме од другата страна со помош на голема лажица за превртување.

*Забелешка - задолжително убаво исцедете ја водата од тиквичката и во тој случај нема потреба од додавање на брашно, меѓутоа доколку сметате дека треба - додадете малку брашно.
По вкус можете да додадете во смесата и малку рендано сирење, превкусни се и така.

На здравје!