Испечати

Македонки на скара

Македонки на скара

Состојки

  • 1 кг амур
  • 1 средна главица кромид
  • ¼ лажиче црн пипер
  • 200 u2013 250 гр кашкавал

Подготовка

Подготовка:

1. Кромидот го рендаме. Во месото го ставаме ренданиот кромид и црниот пипер. Мешаме да се соединат состојките. Месото го покриваме со проѕирна фолија и оставаме да стои неколку часа во фрижидер.
2. Од месото земаме дел, околу 200-250 гр, формираме топка. На алуминиумска фолија премачкана со масло ја ставаме топката месо. Со дланка го развлекуваме во јајцевидна форма со дебелина од 0,5 цм. Во средината на едната половина ставаме кашкавал исецкан на коцки, околу 30-40 гр. Го преклопуваме месото и со прсти ги спојуваме краевите. Печиме на скара околу 10тина минути од страна зависно од јачината на скарата.