Јачмен со печурки и кромид
Состојки
- 160гр. јачмен
- 350гр. свежи шампињони
- 1 голема главица кромид
- 1 лажичка лук во гранули
- 1 рака сецкан свеж магдонос
- 1 лажица омекнат путер
- по потреба маслиново масло, сол, црн бибер
Подготовка
Подготовка:
1. Јачменот оставете го преку ноќ накиснат во вода. Пред подготовка исплакнете го убаво и ставете да се вари (25-30 минути).
2. Во тава на оган ставете маслиново масло да се загрее. Додајте го сецканиот кромид и кратко пропржете. Додајте ги и печурките. Пропржете, па додајте малку вода. Откако водата е скоро испарена (не целосно) додајте го сварениот и исцеден јачмен. Посолете и наросете бибер. Додајте го путерот и лукот и измешајте убаво.
3. На крај тргнете ја тавата од оган, додајте го сецканиот магдонос и пак убаво измешајте.
*Забелешка: Ова може да биде и посен оброк, без додавање на путер.