Испечати

Штрудла со мак

Штрудла со мак

Состојки

  • 1кг брашно
  • 500 мл млеко
  • 2 цели јајца
  • 2 жолчки
  • 3 филџани масло
  • 1 шоља шеќер
  • 2 свежи квасца
  • фил
  • 400 гр мелен мак
  • 1 лажица масло
  • 1 шоља шеќер

Подготовка

1 филџан=150мл
1 шоља=200мл
Овој рецепт ми е од мојата драга колешка Весна и нема да згрешите ако ја направите, бидејќи навистина е феноменална штрудлата.

Подготовка:

1. Се замесува тестото заедно со топлото млеко и замрзнатиот квасец.(Никогаш не го одмрзнувам квасецот така замрзнат го замесувам тестото. Овде му треба долго време да стаса тестото дека е благо.
2. Се прави сега филот додека тестотот стасува. Се става на рингла млеко, шеќер се зоврива и во него се додава макот. Треба да биде густо, како крем да не се растечува.
3. Сега пак се размесува тестото и се дели на 4 дела. Значи од оваа количина излегуваат 4 штрудли. Се сучи едната кора, се премачкува со мак (може и со мармалад) се прави ролат и се става во плех, намастен со хартија за печење. Така се оставаат штрудлите да стасуваат, се премачкуваат со јајце и се печат во загреана рерна на 250С,10 мин, а потоа се намалува на 180С и се допекува уште 30мин.

На здравје!