Дукат пита
Состојки
- Состојки
- 3 јајца
- 1,5 шољи јогурт
- 1 шоља зејтин
- 1,5 шољи палента
- 1,5 шољи брашно
- 1 тиквичка (околу 300 гр.)
- 300 гр сирење
- 1 пециво
- 150 гр кашкавал
- 20 гр сусам
Подготовка
Подготовка:
1. Тиквичката се лупи и се ренда на крупно. Се посолува и се остава малку да излезе течноста од неа.
2. Се матат јајцата кратко со миксер.
3. Се додава зејтинот и јогуртот, се промешува, па низ сито се додава брашното и пецивото, пак се мати кратко и се додава и палентата. Пак кратко матиме.
4. Кон смесата ја додаваме тиквичката и искршеното сирење.
5. Се става смесата во подмачкан плех, прво се зејтин , па со брашно.
6. Кашкавалот го сечеме на 12 коцки и се распоредува одозгора врз питата. Прво со нож отприлика поделете ја на 12 дела и на секој ставете по една коцка кашкавал.
7. Се поросува со сусам и се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути, потоа се намалува температурата на 180 степени и се пече уште 15 минути.
Парче пита и чаша јогурт и имате одличен почеток на денот.