Најубавото смути со мед (медено задоволство)
Состојки
- 1лажица мед
- 4 лажици овесни снегулки
- 2 лажици грчки јогурт
- 1/2паковка ванила
- 100 гр јагоди
- 200мл кокосово млеко
- 1лажица чиа
Подготовка
Ова преубаво смути може комплетно да ви замени еден оброк.
Би ви го препорачала да го пиете со дебела, широка цевка. Поубав вкус не сте пробале.
Подготовка:
1. Ставете ги состојките во блендерот и блендирајте.
2. Ако ви е густо додадете кршен мраз или кокосово млеко. Јас додадов вода.
Сипајте во чаша, која сте ја прелиле со мед или пак медот посипете го по површината.
На здравје.