Сочна торта
Состојки
- Бисквит
- 3 јајца
- 12 лажици млеко
- 12 лажици масло
- 12 лажици брашно
- 12 лажици шеќер
- 4 лажици какао
- 1 пециво
- 1 ванила
- Млечен шербет
- 500 мл млеко
- 10 лажици шеќер
- 1 ванила
- Декорација
- 100 гр шлаг + 100мл млеко
- 3 карамели
- неколку јагоди
- стопено чоколадо
Подготовка
Подготовка:
1. Во длабок сад се матат јајцата, со постепено додавање на шеќерот. Кога ќе се згуснат јајцата се додава маслото, млекото и брашното кое е измешано со пецивото и ванилата.
2. Се истура во намрсен округол плех бр 26 и се печи на 200С, 20мин, Дури се печи се прави млечниот прелив и се прелива колачот додека е топол. Кога ќе олади се става шлаг, а може по желба да се премачка со некој мармалад. Се декорира по желба.