Испечати

Пита со млад кромид

Пита со млад кромид

Состојки

  • 1 јајце
  • 200 мл јогурт
  • 150 мл млака вода
  • 3 лажици маслиново масло
  • ½ чаша јачменово брашно
  • ½ чаша интегрално брашно
  • 1 чаша пченкарно брашно
  • 3 лажици мелено чиа семе
  • 6 млади кромитчиња
  • 1 лажиче сол
  • 1 пециво
  • 200 гр дробено сирење

Подготовка

Подготовка:

1. Јајцето го ставаме во длабок сад. Го матиме со виљушка. Го додаваме јогуртот и маслото, мешаме со лажица. Ги додаваме јачменовото, интегралното и пченкарното брашно. Мешаме со лажица. Постепено ја додаваме водата, продолжуваме да мешаме. Ги додаваме пецивото, солта, сирењето и четири кромитчиња исецкани на кругови. Мешаме со лажица.
2. Смесата ја ставаме во сад со димензии 20х20 обложен со хартија за печење. Преостанатите кромитчиња, исецкани на кругови ги ставаме врз тестото и нежно притискаме да навлезат во смесата. Печиме на 180 степени околу 40 минути, зависно од рерната.