Десерт во чаша
Состојки
- основа
- 8 лажици овесни снегулки
- 2 лажици путер од кикиритки
- 1 лажица мед
- фил
- 150 гр грчки јогурт
- 15 јагоди
Подготовка
Брз, летен десерт кој веднаш се прави. Од оваа количина излегуваат 2 чаши.
Подготовка:
1. Во блендер ги ставаме овесните снегулки, путерот од кикиритки и медот. Блендираме да се соединат.
2. 10тина од јагодите ги пасираме со виљушка. Во нив го додаваме грчкиот јогурт. Промешуваме.
3. На дното од чашата ставаме половина од смесата со овесни снегулки, со лажица притискаме. Преостанатите јагоди ги сечиме на половина и ги редиме покрај ѕидовите внатре во чашата. Ставаме од филот.
Украсуваме одозгора со јагоди.