Пита со лимон и шлаг
Состојки
- 300г мелени бисквити
- 150г стопен путер
- Малку шеќер
- 1 конзерва засладено кондензирано млеко
- 3 жолчки
- 2 лимони
- 3 белки
- 200г шеќер
Подготовка
Подготовка:
1. Мелените бисквити се мешаат со путерот и малку шеќер и се натапкуваат во калап за тарт. Калапот се остава во фрижидер да се стегне.
2. Кондензирано млеко се истура во подлабок сад, во него се додаваат жолчките и се меша со жица. Потоа се додава сок од два лимони (и по желба малку рендана кора од лимон). Вака подготвениот фил се истура во калапот врз спремната основа и се враќа во фрижидер.
3. Потоа се матат белките во цврст снег со постепено додавање на шеќерот (јас користев 5 белки за повисока пита). Матиме додека шеќерот целосно се растопи.
4. Потоа, со шлаг премачкуваме слој врз питата на тој начин да целата површина на филот од лимон да биде покриен. Остатокот од шлагот го додаваме на средина на питата (во форма на планина) и правиме форми со помош на лажица во шлагот.
5. Вака подготвената пита се става во рерна додека шлагот да добие боја (на 180 степени, дваесетина минути). Треба да отстои барем половина час пред да се сече.
Исто така, препорачувам да се изеде истиот ден, не е десерт што трпи да стои во фрижидер многу долго.
На здравје!