Испечати

Чоколаден чизкејк

Чоколаден чизкејк

Состојки

  • 200г мелена плазма
  • 100г стопен путер
  • 450г крем сирење (собна температура)
  • 90г шеќер во прав
  • 250г чоколадо за готвење
  • 200мл слатка павалака
  • 1 лажичка ванила арома
  • 150г млечно чоколадо
  • 100мл слатка павалака

Подготовка

Подготовка:

1. Мелената плазма се меша со стопениот путер. Треба да изгледа како мокар песок и кога ќе се притисне во раце да ја задржува формата. Се истура во калап со пречник од 20цм. Убаво се натапкува на дното и се става во фрижидер да се стегне.
2. Крем сирењето заедно со шеќерот во прав и ванилата се матат со миксер додека смесата не стане кремаста. Чоколадото за готвење (јас користев 150 чоколадо за готвење и 100г млечно чоколадо, но може и само чоколадо за готвење) се топи на пареа (или во микро). Откако ќе се подолади се меша со крем сирењето и шеќерот.

3. Во посебен сад се мати слатката павлака и потоа се додава во смесата од крем сирење и чоколадо. Се меша со лажица, не со миксер (за да не се измати слатката павлака премногу). Филот се истура во калапот, се израмнува убаво и се враќа во фрижидер.

4. За преливот ја загреваме слатката павлака (не смее да зоврие) и ја истураме врз чоколадото претходно исечено на ситни парченца. Оставаме неколку минути чоколадото да ја прими температурата од слатката павлака, па мешаме убаво со лажица. Ако не се растопи целосно, може да се загрее во микро. Преливот го оставаме да се излади целосно и го истураме врз филот во калапот.

5. Вака подготвениот чизкејк се остава во фрижидер преку ноќ па се вади од калапот. Прво со топол нож се одвојуваат краевите од калапот, па се отвара.

Јас го оставив мојот чизкејк во фрижидер цела ноќ без прелив, па наредниот ден го направив преливот и го посипав откако го извадив од калап за поубав ефект.
Може да се декорира со свежо овошје, чоколадо, лешници...
На здравје!