Тарт со сливи и крем од бадеми
Состојки
- 160г брашно
- 110г путер (собна температура)
- 3 лажици шеќер
- 3 жолчки
- прстофат сол
- 40г путер
- 50г шеќер
- 50г бадемово брашно (или мелени бадеми)
- 1 јајце
- малку ванила арома
- 2 лажици брашно
- 6 округли модри сливи
- шеќер во прав
Подготовка
Подготовка
1. Омекнатиот путер се мати со шеќерот додека да стане кремаст. Се додаваат жолчките и прстофат сол и се мати убаво. Постепено се додава и брашното. Доколку тестото е премногу меко, може да се додаде уште брашно по потреба. Тестото со прсти се натапкува на дното на калап за тарт.
2. За кремот од бадеми, ги додаваме јајцето, 40г путер, 50г шеќер, бадемовото брашно (или претходно сомелените бадеми), ванила арома и 2 лажици брашно во процесор или блендер додека да се соединат.
3. Кремот го премачкуваме врз подготвеното тесто. Сливите ги сечеме на потенки парчиња и ги редиме врз кремот. Печеме на 180 степени, 35-45 минути зависно од рерната. Кога целосно ќе се олади, се поросува со шеќер во прав.
На здравје!