Испечати

Чоколаден тарт со карамела (Дулче де лече)

Чоколаден тарт со карамела (Дулче де лече)

Состојки

  • 160г брашно
  • 50г бадемово брашно
  • 50г какао
  • 100г путер (собна температура)
  • 50г шеќер во прав
  • 1 јајце
  • прстофат сол
  • 1-2 лажици млеко (по потреба)
  • 2 јајца
  • 250г карамела (дулче де лече)
  • 300мл млеко
  • 200г чоколадо за готвење

Подготовка

Подготовка:

1. Путерот се мати со шеќерот додека не се спои целосно и не стане кремаст. Се додава јајцето и се мати додека се спои со смесата. Брашното, бадемовото брашно, какаото и солта се мешаат во подлабок сад, се просејуваат и потоа се додаваат постепено во изматениот путер.

2. Тестото се спојува со раце (не се меси), се обмотува во најлонска фолија и се остава да отстои 2 часа во фрижидер.
3. Откако ќе отстои во фрижидер, се расукува во кора на набрашнета површина. Кората треба да биде неколку сантиметри поголема од калапот во кој ќе печеме. Јас користев калап за тарт од 24см. Кората се префрла врз калапот и внимателно се мести по работ од калапот. Вишокот тесто се отстранува, па се става калапот во фрижидер да се стегне додека се загрева рерната.

4. Се пече на 180 степени, 10тина минути. Се вади од рерна и се премачкува со карамелот. Доколку е премногу густ карамелот, може да се загрее прво во микро, а и топлото тесто ќе помогне за полесно размачкување.
5. За чоколадниот фил, чоколадото се топи на пареа и се остава на страна. Јајцата се матат со вилушка во подлабок сад, а млекото се загрева на рингла. Кога ќе се загрее млекото (да не зоврие) полека се истура во садот со јајцата со постојано мешање. Потоа млекото и јајцата се враќаат на рингла, со постојано мешање, додека да се згусне малце смесата (2-3 минути). Оваа смеса се спојува со стопеното чоколадо. Подготвениот чоколаден фил се истура во калапот врз слојот од карамела.

6. Се пече на 150 степени уште околку 30 минути, потоа се исклучува рерната и се остава да стои во исклучена и затворена рерна уште 45 минути. Тартот сеуште може да изгледа течен или мек по печењето, но кога ќе се олади во целосно, се остава во фружидер најмалку 6 часа и ќе ја добие потребната цврстина. Се декорира по желба, јас декорирав со сецкани несолени фстаци.

*Карамелот (дулче де лече), бидејќи го нема кај нас готов, го спремив на тој начин што загревав конзерва (неотворена) засладено кондензирано млеко во тенџере со вода на ниска температура 3-4 часа (има туторијали на интернет).