Испечати

Чоколаден колач

Чоколаден колач

Состојки

  • 250г брашно
  • 250г шеќер
  • 2 лажички пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 60г какао
  • 2 јајца
  • 120мл млеко
  • 60мл зејтин
  • 2 лажички инстант кафе растворени во 60мл жешка вода
  • 100г чоколадо за готвење
  • 100г млечно чоколадо
  • 120мл слатка павлака

Подготовка

Брз и лесен колач/торта, кој не бара многу тинтрање, а е многу вкусен.

Подготовка:

1. Во подлабок сад се мешаат сите суви состојки. Брашното и какаото е пожелно да се просеат пред употреба. Во друг длабок сад се мешаат течните состојки.
2. Сувите состојки дел по дел се додаваат во течните и се мати со миксер додека да се добие изедначена смеса без грутки. Тестото се истура во намрсен сад (28цм) и се пече на 180 степени околу 40 минути, зависно од рерната.
3. Колачот се остава да се олади целосно пред да се филува.
Чоколадото (двата вида) се растопува со слатката павлака (на пареа или во микро). Смесата се остава да се излади барем 20 минути, па се премачкува врз оладениот колач. Може да се декорира по желба, јас декорирав со цреши.