Испечати

Чоко нугат мус со вишни

Чоко нугат мус со вишни

Состојки

  • За кора
  • 6 белки
  • прстофат сол
  • 145 гр. шеќер
  • 1 ванила
  • 3 лажици масло
  • 150 гр. крупно сецкани лешници
  • 60 гр. брашно
  • 1/2 пециво
  • *Ова се состојки за една кора, а се прават уште 2.
  • Прв фил - ганаш
  • 200 гр. квалитетно црно чоколадо за готвење
  • 200 мл. загреана слатка павлака
  • Втор фил - овошен
  • 600 гр. замрзнати вишни
  • 6 лажици шеќер
  • 20 гр. желатин
  • 120 мл. ладна вода
  • Трет фил - нугат мус крем
  • 1350 мл. млеко
  • 10 жолчки
  • 300 гр. шеќер
  • 6 ќеси нугат премиум пудинзи
  • 450 мл. слатка павлака
  • 2 ќеси шлаг крем
  • 15 гр. желатин
  • 90 мл. ладна вода

Подготовка

Превкусна торта, направена со многу љубов за роденденот на мојот убавец. Топло ви ја препорачувам, ќе израдувате и вие некого.

Подготовка:

1.Се подготвува стандард, кога се додава маслото, брашното се миксира на помала брзина 2 или 3. Се печи во загреана рерна на 180 15 мин.или према вашата рерна.Тавата е со пречник од 30 цм..
Малку кога ќе подолади се попрскува со 30 мл. ладно млеко.
Се прават уште 2 вакви кори.

2. Прв фил-ганаш:
 200 гр. квалитетно чоколадо за готвење се соединува со 200 мл.загреана слатка павлака и се остава да се лади со повремени мешања.

3. Втор фил-овошен:
 Замрзнатите вишни со шеќерот се ставаат на умерен оган и откако ќе зовријат се варат 10 мин., без многу мешање, за да останат цели и пената се собира. Се трга од оган, да здивни, да не е врело, па му се додава претходно набубрениот желатин. Потребни се 20 гр. желатин натопени со 120 мл. ладна вода.Се остава да се лади.

4. Трет фил- нугат мус крем:
 Во 350 мл. млеко се раствораат пудинзите и се миксира заедно со жолчките, а остатокот од млекото се зоврива со шеќерот. Се вари кремот до потребната густина. Се трга да се лади со чести мешања.
Во ладно се додава добро изматената слатка павлака со шлаг кремите. Се вмешува со миксер на 1-ца илу 2-ка.
Потоа се додава набубрениот желатин, 15 гр. со 90 мл.ладна вода, отстоен 10 мин. Се миксира нежно се‘ заедно.

Прво овој фил го направив, па ганашот, па овошниот.

5.Финална постапка:
 Kора-ганаш-овошен фил-нугат крем. Уште еднаш исто. И најгоре кора и нугат крем.

Се украсува по желба, јас украсив со млечен ганаш.
- 200 гр.Милка со 100 мл.слатка павлака, но додадов уште малку загреана слатка павлака, бидејќи ми беше густ. Полесно е филувањето во калап со откопчување, но 30ка немав....
Тортава не содржи ни маргарин, ни путер.
Уживајте!