Испечати

Зелена супа во Мултифреш

Зелена супа во Мултифреш

Состојки

  • 160 гр карфиол
  • 80 гр брокула
  • 1/2 авокадо
  • 3 чешниња лук
  • 400 мл вода
  • 1,5 лажиче мешан сув зачин
  • малку оригано и пимент

Подготовка

Подготовка:

1. Измијте ги карфиолот и брокулата и искинете ги на помали цветови.
2. Ставете ги во садот на Мултифреш. Додадете го и авокадото на парчиња, чешнињата лук, зачините и на крај налејте ја водата. Јас имав и аспарагус и ставив едно стапче и од него.
3. Пуштете на програмата за варење и за кратко време ќе имате готова супа за сркање.