Испечати

Кифли со путер и топено сирење

Кифли со путер и топено сирење

Состојки

  • 800 гр - 1 кг брашно
  • 1 квасец
  • 200 - + мл топла вода
  • 200 - 250 гр путер (јас користев солен+смрзнат за полесно рендање)
  • 100 мл масло
  • Сусам + јајце за премаз и посип 4-5 триаголничиња топено сирење

Подготовка

Овие кифли ги сакам и ги спремам најчесто, зашто се брзи и лесни. Не мора да се чека тестото да стаса, може одма да се работи, преполни се со путер, миризливи и меки, и нема кој не побарал втора тура. Топло ги препорачувам.

Подготовка:
1. Квасецот се зафаќа со топла вода, лажица шеќер и лажица брашно.
2. Нека стаса и додадете масло, промешајте, додадете и сол и брашно.
3. Замесете меко тесто кое не лепи.
4. Поделете го на два дела и секој дел на 6 помали топчиња.
5. Секое топче развлечете го во коричка, и секоја коричка нарендајте ја со смрзнатиот путер. Добри се и со маргарин, но путерот дава посебна арома.
6. Коричките како ги рендате со путер, поклопувајте ги една со друга.
7. На крај, од сите нив заедно развлечете голема кора.
8. Уште еднаше премачкајте со путер, поклопете со диплење, и повторно развлечете да ја добиете конечната кора.
9. Исечете ја на краци, ставете малку топено сирење и затворете ја кифличката.
10. Истото повторете го со вториот дел (вторите 6 топчиња).
11. Готовите кифлички наредете ги во поголем плех, премачкан со путер или хартија за печење.
12. Премачкајте со јајце, ставете сусам и одозгора на крај, наредете им го остатокот од путерот.
13. Испечете ги во загреана рерна на 180 степени, потребно е од прилика 20 – 25 минути со вентилатор.
14. Потоа покријте ги со крпа и нека се изладат малку пред да се јадат. Добар апетит.