Сладолед
Состојки
- Црвен дел
- 150 гр јагоди
- 1 банана
- Бел дел
- 2 лажици грчки јогурт или павлака
- 1 лажица агаве сируп
- 1 лажица вода
- Зелен дел
- 2 излупени киви
- 1 лажица агаве сируп
Подготовка
Подготовка:
1. Во блендер ги ставаме јагодите претходно измиени и исчистени од зелениот дел. Ја додаваме и бананата и блендираме. Јагодите кои јас ги користев беа благи затоа не додадов никаков засладувач. Доколку смесата не е блага може да додадете засладувач.
2. Во калапчиња за сладолед тураме од смесата до 2/3 од калапот .
3. Во длабок сад го ставаме грчкиот јогурт или павлаката. Го додаваме агаве сирупот и мешаме да се соеднинат состојките. Смесата е многу густа па додадов една лажица вода. Ставаме врз црвениот слој 2 лажички од смесата.
4. Во блендер ги ставаме кивите и агаве сирупот. Блендираме. Доколку смесата е многу густа може да се додаде 1 лажица вода. Ставаме врз белиот слој по 2 лажички од смесата.