Испечати

Ладна супа од домати - Гаспачо

Ладна супа од домати - Гаспачо

Состојки

  • 6 Домати
  • 2 Пиперки
  • 1 Краставица
  • 100 мл Маслиново масло
  • 1главица Лук

Подготовка

Гаспачо - јадење од шпанска кујна, лесна ладна супа направена од пире од свеж зеленчук, се подготвува и се служи, како по правило, за време на топла сезона. Обично не содржи производи од животинско потекло, затоа е вклучен во веганска и вегетаријанска исхрана.

1. Доматите насечете ги малку и попарете ги со жешка вода, оставете ги 2 минути, а потоа ставете ги во ладна вода и извадете ја лушпата од нив.
2. Пиперките испечете ги кратко, па излупете ја лушпата.
3. Краставиците исто така излупете ги.
4. Во Нутрибулет ставете ги доматите, пиперките, краставиците, лук, и се изблендирајте. Додајте маслиново масло, ситно сецкан магдонос и копар, па посолете. Додајте и една чаша вода. Од пола лимон исцедете сок и додајте го во супата.
Оставете ја во фрижидер да се излади.
Сервирајте во чинија со коцки печен леб и лимон.
Добар апетит!