Сутлијаш (подготвен во 18in1 MultiCooker)
Состојки
- 140 гр Ориз
- 490 мл Вода
- 440 мл Млеко
- 100 гр Шеќер
- 1 Ванила
- 1 (портокал или лимон) Рендана кора
Подготовка
Сутлијаш (или сутлијач) е на многумина, не само кај нас, туку и секаде низ светот, асоцијација за класичен семеен десерт. За подготовка секогаш користам тенџере со дебело дно, но овојпат за првпат го приготвив во Мултинаменскиот апарат за готвење на Делимано -18ин1 МултиЦоокер и можам да ви кажам дека испадна превкусен.
Начинот на подготовка е следенЧ
1. Прво го миеме оризот со ладна вода, па го ставаме оризот во садот за готвење. Ја додаваме и водата во садот и промешуваме. Го затвораме капакот и ја стартуваме програмата за ориз со стискање на копчето „Мени„ па стискаме еднаш на знакот „+„, со тоа веќе ни е одбрана програмата за готвење на ориз. Следен чекор е да го одредиме времето - стискаме на копчето за време, па со знакот „-„ подесуваме на времетраење од 20 минути. Сега притискаме на копчето - старт.
Повремено го отвараме капакот и промешуваме.
2. Кога ќе завршат тие 20 минути, тогаш го додаваме млекото, и одново ја стартуваме програмата на истиот начин. И сега повремено промешуваме. Кога ќе останат 10 минути ги додаваме шеќерот, ванилата и кората од портокалот. Готвиме уште 5 минути и го вадиме садот. Најкраткото време што може да се одбере е 20 минути, меѓутоа овојпат се доволно 15 минути за да биде готов сутлијашот, па затоа кога ќе останат уште 5 минути преостанато време, тогаш го вадиме садот од апаратот и сипуваме од сутлијашот во чиничиња или чаши.
3. По вкус одозгора ставете цимет, какао, јаткасти плодови.
Забелешка - доколку сакате поинтезивен вкус на портокал, освен кората од портокал, додадете го и сокот од пола цеден портокал, а таа количина намалете ја од вкупната количина на млеко, јас ставив 400 мл млеко и 40 мл сок од пола цеден портокал.
Од оваа доза мене ми испаднаа 4 чаши како на сликата.
На здравје!