Испечати

Полнети лепињи со спанаќ и кашкавал меки како памук

Полнети лепињи со спанаќ и кашкавал меки како памук

Состојки

  • Состојки
  • 250 мл млеко
  • 120 мл јогурт
  • 120 мл зејтин
  • 1 коцка квасец
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица сол
  • 2 белки од јајце (жолчките за премачкување)
  • 700 гр брашно
  • Полнење на лепињата
  • 500 гр исчистен спанаќ
  • 200 гр кашкавал
  • За премачкување на лепињата
  • 2 жплчки
  • 1 лажица млеко
  • 30 гр сусам

Подготовка

Лепињата се вкусни, меки како памук и топло ви ги препорачувам.

Подготовка:

1. Во топлото млеко го ставаме квасецот и 2 лажици шеќер и оставаме некоја минута да се јават меурчиња.
2. Кон активираниот квасец се додава зејтинот, јогуртот, солта, белките и постепено се додава просеаното брашно. Можеби ќе ви треба уште некоја шака брашно при месењето, но повеќе од 50 грама не додавајте. Ако ви лепи додавајте зејтин. Се замесува тесто. Тестото се покрива и се остава да стаса и да го дуплира својот волумен.
3. Спанаќот измиен треба да ви тежи 500 грама. Со малку сол, малку вода и зејтин се запржува во тава. Малку да олади и му се додава изренданиот кашкавал.
4. Стасаното тесто го размесуваме и го делиме на 20 топчиња.
5. Секое топче малку се расплескува, може со рака , може и со сукало, па на средината му се става од спанаќот со кашкавал. Од сите страни се собира како бовчичка, се прави топче, кое се расплеснува и се реди на хартија за печење.
6. Лепињата се премачкуваат со жолчка измешана со млеко и се поросуваат со сусам. Се уклучува рерната на 200 степени и кога ќе исклучи, се ставаат да се печат. Се печат 10 минути, на 200 степени, потоа се намалува на 180 степени уште 15 минути.
7. Кога се готови се покриваат и се оставаат малку да оладат. Потоа се служат. Одличен појадок со чаша јогурт.