Испечати

Бајадера

Бајадера

Состојки

  • 300 мл млеко
  • 150 гр овесни снегулки
  • 130 гр ореви
  • 2 лажици кокосово масло
  • 4 лажици мед
  • 1 лажиче арома од ванила
  • За кафеавиот слој
  • 2 лажици какао
  • 30 гр темно чоколадо со 70% какао
  • Глазура
  • 50 гр темно чоколадо со 70% какао
  • 1 лажица кокосово масло

Подготовка

Подготовка:

1. Во длабок сад го ставаме млекото, на средна температура, да се загрее. Го додаваме медот и кокосовото масло, мешаме со лажица да се стопат.
2. Овесните снегулки ги ситниме во блендер. Оревите исто така ги ситниме во блендер. Овесните снегулки и оревите ги додаваме во загреаното млеко, промешуваме и тргаме од оган. Во смесата ја додаваме и аромата од ванила. Промешуваме.

3. Смесата ја делиме на два дела. Во едниот дел го додаваме темното чоколадо искршено на коцки и какаото. Мешаме да се стопи чоколадото во жешката смеса и да се соединат состојките.
4. Во сад со димензии 20х20, обложен со хартија за печење, ја ставаме кафеавата смеса. Врз неа го ставаме белиот слој.
5. Во длабок сад над пареа го топиме темното чоколадо со кокосовото масло. Стопеното чоколадо го ставаме врз белиот слој. Оставаме во фрижидер да се стегне неколку часа.