Испечати

Сникерс сладолед

Сникерс сладолед

Состојки

  • Прв слој
  • 2 банани
  • 200 мл млеко
  • 2 лажици путер од кикиритки
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици мед
  • карамел слој
  • 1 ½ лажица мед
  • 1 ½ лажица путер од кикиритки
  • 2 лажици густо кокосово млеко
  • 30 гр кикиритки
  • Чоколадна глазура
  • 60 гр темно чоколадо со 70% какао
  • 1 лажица кокосово масло
  • 4 лажици густо кокосово млеко

Подготовка

Подготовка:

1. Прв слој - во блендер ги ставаме бананите, млекото, какаото, медот и путерот од кикиритки. Блендираме додека не се соединат состојките. Течната смеса ја ставаме во правоаголен калап со димензии 20х10 цм. Ставаме во замрзнувач да се стегне 7-8 часа.
2. Карамел слој- во длабок сад ги ставаме медот, путерот од кикиритки и густото кокосово млеко. Мешаме со лажица да се соединат состојките. Карамел слојот го ставаме врз основата. Кикиритките ги кршиме на покрупни парченца. Ги ставаме врз карамелот и нежно притискаме со лажица за да навлезат во карамелот. Ставаме во фрижидер да се стегне 3-4 часа.
3. Чоколадна глазура- во длабок сад на пареа го ставаме темното чоколадо искршено на коцки заедно со кокосовото масло да се стопи. Во друг сад го ставаме густото кокосово млеко , го додаваме стопеното чоколадо, мешаме да се соеднинат.
4. Сладоледот го вадиме од садот и сечиме парчиња. Секое парче го премачкуваме со чоколадната глазура со помош на силиконско четче. Ги редиме во сад обложен со хартија за печење и оставаме во замрзнувач да се стегне чоколадната глазура.