Испечати

Ролат со мармалад

 Ролат со мармалад

Состојки

  • 6 Јајца
  • 100 гр Шеќер
  • 60 мл Масло
  • 100 гр Брашно
  • 1 м.л. Пециво
  • За премачкување - неколку лажици мармалад (по вкус)

Подготовка

Еден од омилените десерти од нашето детство, кој се прави на брз и наједноставен начин, верувам омилен на многумина.

Подготовка -
1. Ги двоиме белките од жолчките. Белките ги матиме во цврст снег со постепено додавање на шеќерот. Потоа ги додаваме една по една жолчките, па го додаваме и маслото. Миксираме кратко да се хомогенизираат состојките. Преку цедалка го додаваме брашното претходно измешано со пецивото, мешаме со шпатула.
2. На плех прекриен со хартија за печење ставете ја смесата, па со лажица распоредете ја по целата површина на плехот. Печете 15-20 минути на 180 степени (проверете со чачкалица).
3. Ролатот го вадиме со се хартијата од тавчето, кратко го оставаме да олади, па го премачкуваме со мармалад и го свиткуваме во ролат.

Забелешка - вообичаено готовиот пандишпан се префрла на влажна крпа, па се замотува сосе крпата во ролат да олади, па потоа се премачкува со мармалад, меѓутоа овој пандишпан е доволно мек и според мене нема потреба за тоа, во секој случај како и да направите нема да погрешите.

На здравје!