Стапчиња со пармезан
Состојки
- 120 гр u2018 ржано брашно
- 120 гр брашно од хељда
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче пециво
- 4 лажици пармезан
- 2 лажици маслиново масло
- 1 јајце
- 100 мл млака вода
Подготовка
Подготовка:
1. Во длабок сад ги ставаме ‘ ржаното брашно, брашното од хељда, солта, пецивото и пармезанот. Промешуваме. Во сувите состојки ги додаваме јајцето, маслиновото масло, замесуваме тесто и постепено ја додаваме водата.
2. Тестото го покриваме со проѕирна фолија и оставаме на собна температура да стои 30 минути.
Земаме дел од тестото и со помош на дланките сукаме стапчиња, првин меѓу дланките ги сукаме, а потоа и на работна површина на која имаме ставено хартија за печење, за да не се лепат. Ги редиме во плех обложен со хартија за печење. Печеме на 180 степени, 25-30 минути зависно од рерната, проверувајте ги да не ви изгорат.
Од овие количини направив 11 стапчиња.