Испечати

Кајгана во тортиља

Кајгана во тортиља

Состојки

  • 1 лажиче маслиново масло
  • 2 јајца
  • ½ лажиче сол
  • 1 тортиља
  • 6 парчиња кашкавал
  • 1 рака рукола

Подготовка

Брз, лесен и многу вкусен доручек.

Подготовка:

1. Јајцата ги матиме со жица за матење, додаваме сол.

2. Маслиновото масло го ставаме во тавче на оган да се загрее. Ги додаваме изматените јајца. Оставаме да се запечат околу половина минута. Во средината ставаме две парчиња кашкавал. Ја ставаме тортољата врз кајганата. Ја превртуваме , така што сега тортиљата да дојде долу. Ставаме во средина две парчиња кашкавал, па руколата и повтортно кашкавал. Едната страна од тортиљата ја преклопуваме до средина, па потоа и другата . Превртуваме и ја потпекуваме уште половина минута.
Полнењето може да биде со состојки по ваша желба.