Испечати

Здрави корпички без печење

Здрави корпички без печење

Состојки

  • За корпички
  • 100 гр Урми
  • 150 гр Суви сливи
  • 150 гр Суви кајсии
  • 100 гр Мелени ореви
  • За фил
  • 400 мл Вода
  • 2 лажици Густин
  • 20 гр Засладувач или стевија
  • 50 гр Кокос

Подготовка

Подготовка:

За корпички:
1. Урми, суви сливи и суви кајсии измелете, додајте мелени ореви и замесете смесата. Формите во кои ке правите корпичките премачкајте ги малку со масло.

2. Со натопени раце направете топчиња. Секое топче ставете го во форма за корпички, распоредете по формата. Оставете во фрижидер да се стегнат малку,може и во замрзнувач.
Додека чекате направете фил.
3. 300 мл вода ставете да зоврие. Во останатите 100 мл, ставете кокос, густин, засладувач и рендана кора од лимон. Промешајте.
Во зовриената вода истурете ја смесата и мешајте додека не згусне. Оставете да остине.
4. Корпичките наполнете ги со фил и украсете со парче лимон и овошје по желба.
Добар апетит!