Испечати

Салата со печени печурки

Салата со печени печурки

Состојки

  • 250гр темни шампињони
  • 2 раце рукола
  • 5 лажици кускус
  • 200 гр шери патлиџанчиња

Подготовка

Како да со искористиме апаратот за топол воздух. Му најдовме многу примени, многу рецепти, еве уште еднаш го искористив.

Подготовка:

1. Ги пресеков шерито на половинки и ги ставив во апаратот. Печурките исто така ги исеков на ленти, па ги поставив по апаратот. Ги уклучив на 15 минути.
2. Руколата ја измив и ја расцепкав во еден сад.

3. Кус кусот го прелеав со жешка вода и го оставив да си нарасне.
4. Сите спремни состојки благо ги помешав, соединив. Зачинете ја салатата со соли црн бибер.
По свој вкус може да користите и некој убав дресинг.
Нека ви е на здравје.