Испечати

Полнети тиквички

Полнети тиквички

Состојки

  • 4 средно големи тиквички
  • 400 гр мелено месо
  • 1 филџан ориз (филџан од 120 мл)
  • 1 млад кромид
  • 1 коцка за супа (зеленчукова растворена во 500 мл. вода)
  • Потребно е уште сол, зачин од сушен зеленчук, маслинов зејтин, црвен пипер

Подготовка

Период е кога младите тиквички ги има на пазарите, па еве ви една идеја за добар ручек.

Подготовка:

1.Тиквичките убаво ги миеме и по должина им отсекуваме од горе една четвртина. Ова ќе ни треба за покривање на тиквичките. Секоја ја сечеме на половина по ширина и добиваме 8 парчиња од тиквички. Им ја вадиме внатрешноста и ги посолуваме. Се редат на хартија за печење и се ставаат во загреана рерна околу 10 минути .
2. Оризот измиен се става да отстои во вода. За тоа време го запржуваме ситно исечениот млад кромид. Се додава и месото и ситно исечените тиквици (внатрешниот дел што го извадивме). На крај се додава и оризот и се заедно запржуваме. Додаваме сол, зачин од сушен зеленчук, малку црвен пипер.
3. Ги полниме тиквичките и ги редиме во тава (најдобро со капак).
4 .Во 500 милилитри вода додаваме 1 коцка за супа и загреваме. Во секоја тиквичка ставаме по неколку лажици од супата, а преостанатата супа ја долеваме во садот. Ги покриваме тиквичките со четвртините кои прво ги отсековме. Покриваме со капак и ставаме во рерна да се пече.
5. После 35 минути го тргаме капакот и ги полеваме со маслинов зејтин и црвен пипер (го загреваме малку маслиновиот зејтин, го тргаме на страна и му додаваме 1 мала лажичка црвен пипер). Ги враќаме во рерна уште 15 минути без капак.
На здравје