Испечати

Торта со лешници

Торта со лешници

Состојки

  • Пандишпан
  • 10 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 200 гр мелени лешници
  • 50 гр сечени лешници
  • 3 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво
  • Фил
  • 1200 мл млеко
  • 4 пудинзи од ванила
  • 8 лажици шеќер
  • 100 гр карамел бомбони
  • 250 гр маргарин
  • 250 мл слатка павлака
  • За посипување на корите
  • 150 мл млеко
  • 2 лажици рум
  • Ганаж
  • 250 мл слатка павлака (хопла)
  • 100 гр чоколада за готвење
  • 50 гр млечна чоколада
  • За украсување
  • 1 шлаг крема (млеко според упатството)
  • 50 гр мелени лешници

Подготовка

Комбинацијата на лешници со чоколада и карамел ја прави тортата богата со вкусови и мислам дека никого не остава рамнодушен.

Подготовка:

1.Во еден сад ги мешаме сувите состојки односно мелените лешници, сечените лешници, брашното и пецивото. Се матат јајцата со шеќерот во пенаста маса. Потоа постепено се додаваат сувите состојки. Смесата за пандишпан се истура во голем плех (40 на 40 сантиметри). Се пече во загреана рерна на 180 степени 25 минути. Се остава испечениот пандишпан да олади.
2. Во 200 милилитри млеко (од 1200 мл) се ставаат карамел бомбоните и се меша на тивок оган сосема да се стопат. Кога се стопени се додаваат уште 800 милитри млеко. На страна се мешаат 200 милитри млеко со пудинзите и шеќерот. Кога млекото ќе зоврие се додаваат пудинзите и се меша додека не се згусни смесата. Готовиот крем се префрла во друг сад, се прекрива со стреч фолија и се остава сосема да олади.
3. Маргаринот го матиме додека не се добие бела пенаста смеса.
4. 250 милитри слатка павлака(хопла) се мати со миксер.
5. Кога е оладен пандишпанот се сече на 3 еднакви ленти. Се посипува со 150 милитри млеко во кое сме додале 2 лажици рум.
6. Со миксер го матиме кремот и постепено додаваме од маргаринот. На крај се додава и изматената хопла и повторно матиме се додека не се добие хомоген фил. Со филот ги филуваме лентите од пандишпанот (пандишпан, фил, пандишпан, фил...). Со филот ја филуваме тортата и од страна. Ја оставаме во фрижидер.
7. 250 милитри слатка павлка загреваме на оган ама не до вриење. Со загреана хопла ја полеваме чоколадата искршена на коцки (100 грама чоколада за готвење и 50 грама млечна чоколада ). Мешаме додека да се добие хомогена смеса. Ако не ви се измеша доволно, вратете на оган и со постојано мешање ќе дојдте до хомогена смеса. Откако малку ќе олади се полева тортата со ганажот. Тортата оставете ја во фрижидер неколку часови, подобро преку ноќ.
8. Од страните ја украсуваме со мелени лешници. На крај декорираме со изматена шлаг крема.
Сварете си кафе и сладете се со едно поголемо парче од тортата, секако во друштво.