Испечати

Црн ориз со шампињони и салса од магдонос

Црн ориз со шампињони и салса од магдонос

Состојки

  • 130гр. интегрален црн ориз -Riso venere
  • 400гр. свежи шампињони
  • 2 помали главици кромид
  • по потреба сол и маслиново масло
  • Салса од магдонос
  • 2 полни раце листови магдонос
  • 2 големи чешниња лук
  • 1 полна лажица сенф
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 кришка лимон(само сокот)
  • по потреба сол, црн бибер, вода

Подготовка

Подготовка:

1. Во зовриена вода ставете малку сол и додајте го оризот. Оставете да се вари според времето назначено на пакувањето(јас варев 18 минути).

2.Во меѓувреме во тава на оган ставете малку маслиново масло. Додајте ги печурките исечени на листови. Откако ќе испари половина од водата што ја пуштаат печурките додајте го кромидот исечен на резанки. Посолете и оставете да подомекне кромидот.

3.Откако оризот ќе се свари, исцедете го и додајте го во тавата со печурки и кромид. Промешајте и оставете на тивок оган 1-2 минути.

Салса од магдонос
4. Во чаша за рачно блендирање ставете го магдоносот, маслото, лукот, сенфот, малку сол и бибер.
Почнете со блендирање па додавајте постепено од сокот од лимон. Пробувајте за да не го направите многу кисело. Исто по потреба, постепено додавајте и вода, додека се добие средно густа салса. Во чинија за сервирање нанесете од салсата. Одозгора ставете го оризот.