Овесна каша
Состојки
- 1 рендано јаболко
- 1 ½ чаша млеко
- 1 чаша овесни снегулки
- 2 лажици мед
- 1 лажиче цимет
- 1 рака сецкани ореви
Подготовка
Подготовка:
1. Во длабок сад на оган на средна температура го ставаме млекото, ренданото јаболко, циметот и медот, промешуваме.
2. Откако ќе се загрее ги додаваме овесните снегулки, со постојано мешање ја вариме овесната каша. Кога е готова ги додаваме оревите, промешуваме и ја тргаме од оган. Ја послужуваме со овошје по желба, чиа семе, сецкани ореви и путер од кикиритки.
• Чашата е од 250 мл