Благи крекери
Состојки
- 1 банана
- 1 лажица кокосово масло
- 2 лажици кокосово млеко
- 3 лажици мед
- 1 лажичка рум арома
- 150 гр овесно брашно
- 1 лажичка пециво
- 5 лажици крупно мелени ореви
- 6 лажици овесни снегулки
Подготовка
Подготовка:
1. Банатата ја ставаме во длабок сад и со вилушка ја пасираме.
2. Го додаваме кокосовото масло, кокосовото млеко, рум аромата и медот, мешаме со лажица.
3. Го додаваме овесното брашно, оревите, овесните снегулки и пецивото. Мешаме да се соединат состојките.
4. Смесата ја ставаме во плехче обложено со хартија за печење со димензии 20х20. Врз смесата ставаме уште една хартија за печење за полесно и подеднакво да ја расукаме смесата . Ја вадиме хартијата за печење што ја ставивме одозгора. Со нож сечеме во големина по желба. Печeме на 180 степени 20 минути, во зависност од јачината на рерната, ќе ги проверите да не изгорат.