Чоколаден хумус
Состојки
- 250 гр наут
- 100 мл кокосово млеко
- 4 лажици мелени несолени потпечени кикиритки
- 4 лажици мед
- 3 лажици какао
Подготовка
Подготовка:
1. Наутот доколку е од конзерва процедете го, измијте го со ладна вода и отстранете ги лушпите. Доколку имате суров наут накиснете го во вода 4-5 часа, потоа сварете го, процедете го , измијте го со вода и отстранете ги лушпите. Количината на наут е после варење со отстранети лушпи.
2. Во блендер го ставаме наутот, блендираме.
3. Го додаваме кокосовото млеко, мелените кикиритки, медот и какаото. Блендираме да се соединат сите состојки. Уживајте во чоколадниот хумус