Испечати

Свински ребра со расол во тава

Свински ребра со расол во тава

Состојки

  • 1 помала главица кисела зелка
  • 1 кгр свински ребра (по можност помрсни)
  • 1-2 лажици свинска маст
  • 1 лажица црвена пипер
  • брашно на врв на лажичка

Подготовка

Кога ја истурав пролетва расолницата имаше уште едно убаво зелче кое го здробив и го замрзнав. Еве му дојде редот да го зготвам.

Подготовка:

1. Ребрата насолени и убаво исчукани ги пржиме во свинска маст да се зацрват убаво. Во мрснотијата каде се пржеа ребрата го истураме расолчето сечкано на ситно и го пржиме додека не испари целата вода. Во пржењето може да додадеме по потреба свинска маст. Расолот трпи мрсно.
2. Кога е убаво испржено, додаваме малку брашно (на врв на мало лажиче), црвен пипер, промешуваме колку да замириса пиперот и одма додаваме врела вода околу еден филџан. Наросуваме црн бибер. Насолуваме по потреба. Уште повкусно е кога наместо вода тураме расолница, но времето на расолницата е поминато.
3. Ја ставаме смесата во земјена тава, ги редиме ребрата, покриваме со алуминиумска фолија и поклопуваме со капакот од тавата.
4. Печеме во рерна на 180 степени околу 2 часа. Пред крај ја вадиме фолијата и ја враќаме само со капакот поклопена, да се потпече јадењето одозгора.
Со ова јадење се пие тешко црно вино вранец. Барем ние така направивме.