Тофифи коцки
Состојки
- Основа
- 70 гр урми
- 60 гр ореви
- 70 гр овесни снегулки
- 2 лажици какао
- 1 лажица кокосово масло
- Фил
- 2 лажици кокосов крем
- 4 лажици мед
- 1 лажица кокосово масло
- 2 ½ лажици путер од кикиритки
- 50 гр лешници
- Чоколаден прелив
- 70 гр темно чоколадо со 70% какао
- 2 лажици кокосово масло
Подготовка
Подготовка
Основа
1. Урмите ги ставаме во жешка вода да стојат 20тина минути. Оревите и овесните снегулки ги блендираме да се иситнат. Ги додаваме исцедените урми, какаото и кокосовото масло. Блендираме. 2. 2. Смесата ја ставаме во калап со димензии 20х20 обложен со хартија за печење, ја распределуваме подеднакво со лажица и притискаме за да се стегне. Садот го ставаме во замрзнувач.
Фил
3. Во длабок сад на оган на средна температура ги ставаме путерот од кикиритки, кокосовиот крем, кокосовото масло и медот. Мешаме со метална жица да се соединат состојките. Филот го ставаме врз основата. Лешниците ги кршиме на покрупни парчиња (на половинки). Ги ставаме врз филот и нежно притискаме за да навлезат во филот. Оставаме во фрижидер.
Чоколаден преливЧ
4. Во длабок сад над пареа го топиме чоколадото заедно со кокосовото масло. Сечеме коцки во големина по желба кои ги прелеваме со чоколадниот прелив