Испечати

Сочно пилешко на Индиски начин со garam masala

Сочно пилешко на Индиски начин со garam masala

Состојки

  • 400гр пилешки гради
  • маринада
  • 1лажица масло
  • 2лажици кисело млеко
  • 1лажица доматна паста,
  • 1лажиче лимонов сок
  • лукче по желба
  • 1/2лажиче ѓумбир во прав.
  • сол, бибер,
  • Дополнително масло или путер за пржење

Подготовка

Денес во мојата кујна нешто ново, вкус и шмек на Индиската кујна. Ова е вкусно и ароматично индиско јадење. Според оригиналниот рецепт, маринираното пилешко месо се пече во специјални тави Тандор.
Јас подготвував во вог тава. Не можам да ви опишам колку сум среќна, затоа што ова е едноставно совршено, вкусно јадење, а мирисот на смесата е фантазија.
Битно е само да постигнете баланс меѓу зачините.

Подготовка

1. Исечете го пилешкото на приближно еднакви коцки, додадете сол и бибер, кисело млеко, паста од домати, масло, црвен пипер, сок од лимон, ѓумбир во прав. Промешајте убаво и оставете го во фрижидер месото да се маринира 3-4 саати. Потоа, извадете ги парчињата пилешко од маринадата, обидете се да ја отстраните маринадата од месото колку што можете.

2. Во вог тава ставаме масло ги додаваме соединетите зачини, јас ги соединив во нутрибулет и потоа низ цедалка ги просеав, за мазна структура.
По желба, за поинтензивен вкус додадете и стапче цимет, кое за 3-4 минути ќе го тргнете од огнот.
3. Сега на тивок оган нека се загреат зачините, нека ги пуштат своите ароми. Потоа го додаваме ситно сецканиот кромид, запржуваме, па го додаваме пилешкото месо. Готвиме на умерен оган, со постојано мешање, а при тоа ја додаваме маринадата лажица по лажица.
Нека си крчка на тивко околу 10 минути.
Пробајте и дотерајте го по вкус ако е потребно. Месото е исклучително сочно и вкусно.
Сервирајте топло, со прилог од ориз, пире, компир, наан леб..

* Сосот содржи зачин Гарам Масала (гарам = врел, масала = мешавина од зачини).
Ако не можете да го најдете, само соединете ги следниве состојки во Нутрибулет

1/2 лажиче цимет
½ лажиче шарен бибер
½ лажиче морско оревче
1/2 лажичка ким
1/3 лажиче семки од кардамон
1/3 лажиче каранфилче
½ лажиче коријандер
½ лажиче чили во прав
½ лажиче сол
½ лажиче мајоран