Испечати

Круши од компири

Круши од компири

Состојки

  • 800 гр Компири
  • 1 јајце
  • 2 лажици брашно
  • половина лажица сол
  • мешавина зачин
  • масло за пржење

Подготовка

Подготовка:

1. Компирите се ставаат во тенџере со вода да се варат. Кога ќе се извадат се прават пире.

2. Се додава брашно, јајце, зачини и се убаво се меси со рака. Со рацете се обликуваат во форма на круши. Се прпелкаат во лебни трошки и се пржат во загреано масло, додека заруменат од сите страни.

3. Одозгора за украсување се става дршка од чачкалица и зелено ливче и се редат во чинија за сервирање.