Бел десерт со ванила и јаболка
Состојки
- 2 пудинга од ванила
- 2 табли бела чоколада
- 2 ванили
- 200 гр шеќер
- 750 мл млеко
- 4 средно големи јаболка, изрендани
- 400 гр кршени бисквити
- 50 - 100 гр кршени ореви
- 120 гр путер
- 1/2 банана (по желба)
Подготовка
Подготовка:
1. Со 200 мл од млекото растворете го прашокот за пудинг.
2. Останатото млеко измешано со шеќерот и ванилата нека зоврие.
3. Сварете густ пудинг, спојувајќи ги двете претходни смеси.
4. Додека е уште топол, во пудингот додадете 1 табла бело чоколадо+путерот исецкан на коцки.
5. Промешајте, да се изедначи се.
6. Оставете малку да се излади пудингот.
7. Измешајте ги во подлабока вангла бисквитите, оревите и јаболката.
8. Потоа додадете им го пудингот, па добро промешајте.
9. Готовата смеса може да се стави во тавче бр 26 обложено со стреч фолија. Мене десертот ми требаше за на две места, па го поделив на два дела, во два пластични садови. Потоа се складира во замрзнувач на 4 до 5 часа, за да може полесно да се исече
10. Се декорира со 1 табла истопено бело чоколадо, откако ќе се излади и откако ќе го превртите на тацна за послужување, пред сечење.
11. По желба, освен јаболкото може да се додаде и половина банана. Уште повкусно е.
Асоцира на сладолед, и нема некој што не го бендиса.
Многу брзо и лесно се прави. Моја топла препорака за топлите летни денови кои следат.