Испечати

Чоко барови

Чоко барови

Состојки

  • основа
  • 50 гр кикиритки несолени потпечени
  • 120 гр овесни снегулки
  • 2 лажици какао
  • 3 лажици мед
  • 30 гр брусница
  • 12 лажици кокосово млеко
  • 1 ½ лажица потпечена киноа
  • Чоколаден прелив
  • 50 гр темно чоколадо со 70 % какао
  • 2 лажици кокосово маслоt

Подготовка

Подготовка:

1. Во блендер ги ставаме кикиритките и овесните снегулки. Ги блендираме на поситни парченца. Ги ставаме во длабок сад и во нив го додаваме какаото, медот, брусницата, млекото и киноата. Мешаме да се соединат состојките.
2. Смесата ја ставаме во сад со димензии 20х20 обложен со хартија за печење. Смесата ја распределуваме подеднакво со лажица и притискаме за да се стегне. Ставаме во фрижидер да се стегне.
3. Баровите ги сечeме во големина по желба.
4. Во длабок сад над пареа го топиме чоколадото заедно со кокосовото масло. Секој бар го преливаме со чоколадниот прелив. Оставаме да се стегне чоколадниот прелив. Послужуваме.
*киноата ја потпекувам така што ја ставам во суво тавче на оган на средна температура. Со повремено мешање ја потпекувам околу 10тина минути.