Испечати

Пржени сендвичи од тост леб

Пржени сендвичи од тост леб

Состојки

  • 4 парчиња Тост Леб (бриош)
  • малку Мајонез
  • 4 парчиња Пилешка шунка
  • 8 парчиња Кашкавал
  • За пржење - малку путер
  • За потопување на сендвичите - 1 јајце и 1 лажица млеко (плус сол)

Подготовка

Ова е повеќе како идеја за брз, топол и вкусен појадок, за кој верувам дека нема никој да му одолее.

Подготовката е брза и на следниот начин -
1. Земаме 4 тост лепчиња - (односно по потреба), ги премачкуваме со мајонез, врз нив ставаме 4 парчиња кашкавал, па врз кашкавалот ставаме шунка, врз шунката пак ставаме кашкавал. Ги поклопуваме две со две лепчињата, па ги потопуваме убаво од сите страни во разматеното јајце (со млеко и малку сол).

2. Пржиме кратко од двете страни во загреана тава со растопен путер (може и масло).

На здравје!