Салата од шарен грав
Состојки
- 500гр шарен грав
- 1 кромид
- 2 зелени пиперки
- 10 зелени маслинки
- 2 црвени домати
- Дресинг м масло сол бибер нане сок од лимон
Подготовка
Подготовка:
1. Прво гравот го миеме и го оставаме во тенџере во кое налеваме вода. Нека отстои така 2 часа.
2. Потоа водата ја истураме налеваме чиста вода, додаваме главица кромид, лажица масло и по желба лута зелена пиперка. Оставаме на тивок оган да се вари.
3. Сварениот грав го процедуваме од течноста и го ставаме во тањир за сервирање Тука додаваме зелени маслинки, парчиња пиперка, коцки црвен домат, ливчиња кромид, сол, бибер, свежо нане, маслиново масло, сок од лимон.