Испечати

Свечена смоква торта

Свечена смоква торта

Состојки

  • Кори
  • 15 белки
  • 300 гр шеќер
  • 250 гр сечени ореви
  • 250 гр суви смокви
  • 9 лажици брашно
  • Фил
  • 15 жолчки
  • 200 гр шеќер
  • 2 ванили
  • 200 гр чоколада за готвење
  • 250 мл млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 1 пудинг од ванила
  • 250 гр путер
  • За украсување
  • 2 шлаг креми од чоколада

Подготовка

Свечена торта за секоја убава пригода. Јас ја подготвив за роденденот на синот. Велигден и роденден во едно.

Подготовка:

1. Најпрвин во три чинии подеднакво ги делиме исечените ореви. Истото го правиме и со смоквите. Да напоменам, дека смоквите прво ги полеваме со топла вода. Ги сушиме од течноста на крпа, ги чистиме и ситно ги сечеме. Во секоја чинија додаваме по три лажици брашно. Заедно ги мешаме брашното, оревите и смоквите.
2. Во сад матиме пет белки со 100 грама шеќер. Ги додаваме измешаното брашно, ореви и смокви од едната чинија. Мешаме со шпатула, не со миксер. Смесата ја истураме во округол плех бр. 28 на хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 170 степени, околу 20 минути. Вака се прават уште 2 кори.
3. За филот: 15 жолчки заедно со 200 грама шеќер и 2 ванили матиме пенасто со миксер. Продолжуваме да матиме со миксерот, но сега на пареа. Матиме вака 10 минути. Продолжуваме да мешаме со лажица и постепено додаваме по еден ред од чоколадата, постојано мешајќи. Кога ќе се згусне смесата ја тргаме на страна да олади и одвреме навреме промешуваме да не фати кора.
4. Омекнатиот путер на собна температура го матиме пенасто додека да побели.
5. На оган ставаме 250 милилитри млеко, 1 лажица шеќер и 1 пудинг од ванила. Мешаме додека да зоврие и да згусне пудингот. Го префрламе во подлабок сад и го оставаме да олади.
6. Откако филовите се сосема оладени, прво со миксер го матиме пудингот и кон него го додаваме филот со варените жолчки. На крај го додаваме и изматениот путер. Оставете го филот во фрижидер околу 10 минути.
7. Тортата сега може да се филува. Кора, една третина од филот и така со сите кори.
8. За украсување матиме 2 шлаг креми со млеко според упатството. Украсувањето е според желба и пригода.

Честит Велигден.