Лиснати вртени кифли
Состојки
- Состојки
- 600 гр брашно
- 1 сув квасец (7 гр)
- 250 мл топло млеко
- 5 лажици зејтин
- 1 лажичка сол
- 1 лажица шеќер
- 1 јајце
- За премачкување на кифлите
- 100 гр маргарин
- Потребно е уште 1 јајце и сусам
Подготовка
Кифлите се малку поинакви од стандардните лиснати кифли и верувам дека ќе ја збогатат вашата трпеза за Велигден или за било кој убав ден.
1. Во топло млеко додаваме 1 лажица шеќер и 1 сув квасец , промешуваме и оставаме малку да се активира квасецот. Квасецот го додаваме во просеаното брашно, додаваме сол, зејтин и едно јајце. Замесуваме тесто и го оставаме да стаса.
2. Од тестото правиме 30 мали топчиња. Расукуваме едно колку тацна за кафе, премачкуваме со омекнат маргарин. Расукуваме и друго топче и тоа го премачкуваме со маргарин. Втората кора ја ставаме врз првата, мотаме ролат и ролатот го сечеме по должина. Замотуваме како јазол и ја ставаме кифлата на хартија за печење. Така правиме и со останатите топчиња, значи по две топчиња за една кифла.
3. Ги премачкуваме со разматено јајце, поросуваме со сусам. Ја вклучуваме рерната на 180 степени и ги оставаме кифлите да подстасаат уште малку, додека се загрева рерната. Се печат околу 25 минути.
4. Кога се печени се покриват со крпа малку да оладат и може веднаш да се послужат.