Кростата чизкејк
Состојки
- Бисквит тесто
- 1 јајце
- 80гр. путер
- 100гр. шеќер
- 260гр. брашно
- 2 лажички пециво
- 1 ванила
- Полнење
- 400гр. крем сирење
- 100мл. свежа, неутрална течна павлака
- 1 јајце
- 40гр. шеќер
- 1 ванила
Подготовка
Ова беше нашиот Велигденски десерт. Направив спој на кростата и чизкејк и навистина беше вкусно и лесно за јадење.
Бисквит тесто:
1. Во длабок сад ставете јајце, шеќер и растопен путер. Измешајте убаво со лажица.
Додајте ја ванилата и пецивото и пак измешајте. Потоа, со постепено додавање на брашното, замесете тесто. Јас употребив 260гр. брашно, но зависно од тоа какво брашно ќе користите може ќе ви треба и плус некој грам.
2. Завиткајте го тестото во најлонска фолија и оставете да отстои во фрижидер 20 минути.
Полнење:
1. Во сад ставете јајце, шеќер и ванила. Изматете со жица за матење. Додајте го крем сирењето и павлаката. Убаво со мешање со жица, соединете ја смесата да нема грутки.
2. На лист хартија расукајте го тестото во правоаголна кора со дебелина од 0,5цм. Исечете ја на ленти. Со лентите тесто обложете го калапот. (Користев правоаголен силиконски калап на Делимано). Во внатрешноста нанесете го полнењето.
3. Печете во загреана рерна на 180 степени, 40-45 минути. Откако ќе се испече оставете целосно да се олади во калапот. Потоа извадете го и оставете да отстои во фрижидер 3-4 часа (или најдобро преку ноќ).
Забелешка:
За овие дози на бисквит тесто идеален е калап со должина од 22цм, но јас немав и го користев овој на Делимано од 18цм.
Не остана многу тесто но, си направив некое бисквитче.
Не мора да користете силиконски калап, може и обичен нелеплив само ќе го премачкате со масло и ќе го набрашните.