Јајца вапцани со цимет
Состојки
- 2 јајца
- 3 лажици цимет во прав
- 3 лажици бел оцет
- 400 мл вода
Подготовка
Интересна боја добија јајцата, а сакав само да експериментирам. На едното јајце му ставив тревка и хулахопка, за да ми биде уште поинтересно. Мене сепак резултатот ми се допаѓа, а се надевам и вам.
Подготовка:
1. Сите наведени состојки ги собираме во длабок сад.
2. Се вари додека да зоврие и се остава да врие на потивок оган уште 10 минути.
3. Потоа се трга од оган, се остава така во садот уште половина час.
4. Потоа се мијат со ладна вода и се премачкуваат со малку масленце за да светат.
За многу години нека ни е Велигден!