Испечати

Пролетен, солен венец

Пролетен, солен венец

Состојки

  • За тестото
  • 500 гр брашно
  • 250 мл вода
  • 1 лажиче шеќер
  • 7 гр сув квасец
  • 1 лажиче сол
  • 4 лажици масло
  • 1 јајце (за премачкување пред печење)
  • За полнењето
  • 200 гр листови од штавеј
  • 1 праз
  • 4 тврдо варени јајца
  • малку лук во прав

Подготовка

Подготовка:

1. За тестото најпрво ставете го квасецот во млака вода заедно со шеќерот и малку брашно, да скисне. Потоа додајте масло и сол, па додавајќи постепено од брашното измесете нелепливо, меко тесто. Покријте го и оставете го да се дуплира во волумен.
2. Сварете ги јајцата и оладете ги. На малку масло пропржете го исечканиот праз. Лисјата од штавеј претходно измиени, попарете ги со врела вода, исцедете ги и исечкајте ги. Додајте ги во празот кратко да се испржат. Кога ова ќе олади зачинете и додајте ги ренданите јајца. Измешајте убаво.
3. Сега тестото исучете го во правоаголна форма (50*30цм) и премачкајте го со филот. Свиткајте го во ролат од подолгата страна и ставете го во тепсија прекриена со хартија во форма на венец. Пресечете го на 4 дела од надворешната страна, но не до крај. Потоа уште на 4, па пак се додека не добиете 16 парчиња. Секои соседни две парчиња превртете ги, едно на лево, друго на десно со филот нагоре. Прекријте ги со крпа и оставете ги да нараснат. Пред печење премачкајте ги со јајце и печете во загреана рерна на 180 степени се додека убаво не заруменат.