Лисната едноставна погача
Состојки
- 300 мл Млеко (млако)
- 200 мл Вода (млака)
- 50 мл Масло
- 1 Квасец
- 1 м.л. Шеќер
- 2 м.л. Сол
- 1 Белка
- околу 1 кг Брашно
- околку 250 гр Маргарин (замрзнат)
- За премачкување - 1 жолчка, 1 лажица млеко...плус сусам
Подготовка
Подготовка:
1. Најпрво се активира квасецот со вода, шеќер и малку брашно. Потоа се додаваат останатите состојки од кои брашното (просеано) на крај, додека да замесиме нелепливо тесто. Го покриваме и го оставаме на топло да стаса.
2. Тестото го делиме на 6 дела, ги формираме како топки, ги расукуваме колку чинија и на сите 5, освен последната, им рендаме маргарин (замрзнат). Потоа од нив на набрашнета работна маса расукуваме кора, која ја засекуваме на 16 дела во средишниот дел, а надворешниот дел останува цел (од него се формира средниот дел на погачата)
3. Сите 16 дела се завиткуваат како кифла, но само во правец на едната страна од исечениот дел (видете додатна слика). Ги редиме во подмачкано тавче со маргарин во форма на круг.
4. Надворешниот дел го сечеме на 6 парчиња кои ги замотуваме како полжавче и ги ставаме во средината на погачата.
5. Формираната погача ја покриваме и ја оставаме да стаса, па потоа ја премачкуваме со жолчката и млекото и наросуваме сусам. Печеме во загреана рерна на 180 степени до заруменување.
На здравје!