Испечати

Најбрзата Гибаница со урда(од готови кори)

Најбрзата Гибаница со урда(од готови кори)

Состојки

  • 500 гр Готови кори (потенки)
  • 400 гр Урда (плус сол по вкус)
  • Течна смеса
  • 5 Јајца
  • 100 мл Масло
  • 200 мл Кисела вода
  • 100 мл Јогурт
  • пола Пециво
  • по потреба Сол
  • За наросување одозгора
  • по потреба Сусам и ленено семе

Подготовка

Брза и превкусна гибаница, која ни малку не се познава дека е направена од готови кори, а за која ќе ви треба најмногу еден час за нејзиното дегустирање.

ПодготовкаЧ

1. Корите ги вадиме од пакувањето и така како што се замотани како ролат ги сечеме на парчиња широки колку еден прст (видете додатна слика). Потоа секое исечено парче го растресуваме за да се одвојат лентите.
2. Состојките за течната смеса ги ставаме во длабок сад и со рачна маталка ги разматуваме до хомогенизирање.
3. Не мора да мерите, може и од око да ставате, ама од прилика соодносот е следен - Во намрсено со масло тавче (кај мене со димензии 30х20) ставаме од корите 200 гр, па ставаме 200 гр од урдата (плус прскаме малку - некоја лажица од течната смеса насекаде), пак ставаме 100 гр кори, па врз нив урда 100 гр (пак неколку лажици од течната смеса), па пак ставаме кори 100 гр, па врз нив урда 100 гр и малку од течноста. Завршуваме со 100 гр кори.
4. Врз гибаницата со помош на кутлача ја ставаме насекаде останатата течна смеса, убаво да навлезе насекаде, па го протресуваме тавчето од работната маса. Одозгора ставаме сусам и ленено семе и печеме во загреана рерна на 200 степени до заруменување.

На здравје!